Два порази на државниот првак, супериорна победа на Младост 96

Како бомба одекнаа двата порази на сениорскиот државен првак, Кристијан Станојковски екипата на Младост 96. Ако во изминатите 7-8 години Станојковски претрпе два порази, на денешните натпревари во еден ден двапати беше поразен. Во четвртото коло загуби убедливо со 3-0 од ветеранот Роберт Михајловски од екипата на Нец, додека во петтото коло во неизвесен натпревар загуби од Филип Младеновски од Шампион ФА.

И покрај поразите на Станојковски неговата екипа се осамостои на врвот на супер лигашката табела со пет победи од пет одиграни кола. Воедно поразите на Станојковски беа единствените загубени мечеви за екипата на Младост 96. 

На дното на табелата е екипата на Струга која сеуште нема победа во најсилната конкуренција.

Суперлига - 4. коло
Работнички - Младост 0-4
Струга - Радовиш 3-4
Вардар - Крива Паланка 2007 2-4
Нец - Младост 96 1-4
Шампион ФА - Нец 2 4-3

Суперлига - 5. коло
Нец 2 - Работнички 2-4
Младост 96 - Шампион ФА 4-1
Крива Паланка 2007 - Нец 4-1
Радовиш - Вардар 1-4
Младост - Струга 4-1

Кај прволигашите по изненадувачкиот пораз на фаворитот Рисови од Кочани на врвот на табелата се издвои битолски Мултитекс кој во денешните натпревари на двапати славеше со максимални 4-0. Мултитекс на табелата води пред Кочани и Рисови кои имаат по еден пораз.

Дали така ќе остани и по шестото коло ќе одлучи натпреварот меѓу Рисови и Мултитекс. Кај сениорките екипата на Крива Паланка ја оправдува улогата на фаворит и без проблеми ги победува своите ривали.