Државните медали во пинг-понг за кадети се делат викендов во Берово

Денес и утре во Берово ќе се одржи вториот турнир од Државното првенство во пинг-понг во кадетска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во салата „Македонски бранители” во Берово.

Во рамки на првиот ден од турнирот се играат натпреварите за натпреварувачи до 12 години. Утре  ќе се натпреваруваат повозрасните кадети до 15 години. На турнирот ќе настапат најдобрите екипи во досегашниот дел од првенството. 

Почетокот на првите натпревар кои се играат денес се закажани за 11:00 часот, додека во рамки на утрешната програма мечевите се играат со почеток во 10:00 часот. Турнирот се организира под покровителство на Пинг-понгарската федерација на Македонија.