Дефинирани термините, финалето на пинг-пингарскиот плеј-оф почнува во Прилеп

Завршницата на плеј-офот на пинг-понгарската Суперлига е пред последниот чекор. Претстои финалето, битката за титулата екипен државен првак, меѓу екипите Младост 96 од Прилеп и Телеком нец 2 од Скопје.

Првиот меч од серијата до две победи е на трети јуни во Прилеп, реваншот на четврти јуни во Скопје. Доколку има потреба од мајсторка, таа е закажана за десетти јуни во Прилеп. Претходно, во полуфиналето, Младост 96 беше подобар од Берово, а Телеком нец 2 од штипски Шампион ФА.

Прилепскиот тим има шанса да ја врати титулата, откако првпат ја освои во 2021 година, а потоа на една сезона заврши воо витрините на Крива Паланка 2007.