Црногорецот Бакиќ го засили прилепски Младост 96 пред европското деби

Големи трансфери се случуваат и во македонскиот пинг-понг. Шампионот Младост 96 се засили во пресрет на дебитантскиот настап во Трофејот на Европа, натпреварување во рамките на ЕТТУ (Европска пингпонгарска унија). Во прилепскиот клуб доаѓа Црногорецот Лука Бакиќ. Станува збор за мошне квалитетен играч, репрезентативец.

Со него се верува дека екипата е доволно силна за да биде кандидат за првото место во Г групата, каде уште ќе настапат српскиот Темерин и романскиот Одорхеи. Во прилепскиот тим, покрај Бакиќ, уште се пријавени и Србинот Стефан Костадиновиќ, домашните Петар Костовски, Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски, Раиф Рустемовски Антонио Стомнароски, предводени од тренерот Гоце Тошески.

Натпреварите од Трофејот на Европа ќе се одржат на 28 и 29 мај во Одорхеи.