• Горан Упале
По четврти пат Пинг-понгарската федерација на Македонија ќе го организира светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. „Star Contender“.
Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на натпреварот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен четвртиот најдобар пинк-понгар на светската ранг листа Ли Сјунгсо од Кореа, додека кај жените своето присуство го потврди Хео Јерим исто така од Кореа - втора на светското рангирање.
Ова е трет настан од овој ранг во 2025 година, по одржување на WTT Contender Skopje 2025 во сениорска категорија и Младинските олимписки игри.