Четирикратна олимписка шампионка ќе ги обучува младите македонски пинг-понгари

Најдобрите млади македонски пинг-понгари ќе земат учество на кампот во СРЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Истиот ќе се одржи од 7 до 10 септември и треба да биде голем поттик за најмладите. 

Професионалниот тренинг-камп е привлечен по тоа што го организираат Пинг-понгарската федерација на Македонија и Пинг-понгарската федерација на Кина, со поддршка на Кинеската амбасада во Македонија, а со присуство на осум кинески експерти, меѓу кои и Жанг Јининг, четирикратната олимписка шампионка.

Претходно Мартин Ристески е повикан да учествува и на Плазма спортските игри во Сплит, Хрватска. од 17 до 21 август.