• Зоран Мишевски
Оваа година е исполнета со многу меѓународни обврски за Пинг-понг федерацијата, а за нашите пинг-понгари и спортски работници нови искуства и можности. Најавувени се три големи настани, додека два од нив за првпат се одржуваат во Македонија.
- Светски Куп - World Table Tennis (WTT) Contender во Скопје од 9 до 15 јуни. Ги очекуваме најдобрите светски пинг-понгари во сениорска категорија. Ова е прв настан од овој тип во нашата земја.
- Олимписки летни младински игри во пинг-понг од 20 до 26 јули. Уште еден настан како „првенче“ во Македонија. Ние сме домаќини и го организираме пинг-понг делот на овие игри.
- Во септември се враќа младинскиот натпревар на ѕвездите - WTT Youth Star Contender со најдобро рангираните младински натпреварувачи од Европа и светот. 5 до 7 септември во салата на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Организацијата на овие натпревари е големо признание за федерацијата и македонскиот пинг-понг, а постојаното организирање на нови настани значи и напредок во капацитетите за организација на светски настани со врвни натпреварувачи.