• Редакција Gol.mk
За десетина дена почнуваат шампионатите на Македонија во пинг-пинг, а сите екипи се засилуваат за предизвиците во текот на сезоната 2023/24. За две години голем скок направи младиот битолски клуб, ППК Пелагонија, кој со свои домашни пинг-понгари прескокна два ранга и се пласира во Суперлигата.
Сепак, за потребите на најсилниот ранг, каде играат голем број странски пинг-понгари, и битолчани се решија за странско засилување. Јуниорскиот репрезентативец на Бугарија, Ѓорѓи Стојанов потпиша за ППК Пелагонија и на 15 октомври ќе го има своето деби за новата екипа. Стојанов треба да го подигне нивото и заедно со Христијан Николовски и развојот на јуниорот Даниел Главевски да носи бодови за клубот.
Календарот за новата сезона се очекува до крајот на оваа недела, а сите мечеви ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“.