Бронза за македонскиот пинг-понгар Андреј Васевски на турнир во Врање

Голем успех на македонскиот пинг-понг. Младиот Андреј Васевски, член на пинг-понг клубот Куманово, кој викендов учествуваше на Меѓународниот турнир во Врање, се врати со трето место и бронзен медал.

Ова е голем исчекор во кариерата на младиот кумановчанец, кој важи за еден од поталентираните пинг-понгари во земјата. 

„Оваа е традиционален турнир на кој редовно учествуваме и постигнуваме значајни резултати, па така и оваа година нашиот надежен јуниор Андреј Васевски освои бронзен медал и е третопласиран во категорија на јуниори.

На турнирот учествуваа и нашите надежни кадети Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски, кои играа во границите на нивните можности. Задоволен сум од прикажаната игра на моите ученици во овој момент.

Нè очекува интензивен тренажен период, бидејки за петнаесет дена ни започнува пролетниот натпреварувачки дел со бодовни Мастер турнири во сите категории, каде очекувам најмалку да ги повториме  минатогодишните резултати“, истакна тренерот Мики Трендафиловски. 

Пинг-понгот во нашата земја е во прогрес и радува големиот број млади пинг-понгари кои се иднината на овој спорт во нашата земја.