Борбата за опстанок во пинг-понгарската Суперлигата останува интересна до крај на сезоната

На две кола пред крајот, познати се учесниците во плеј офот, првопласираните четири екипи без грижи за својот пласман ги очекуваат последните две кола. Радовиш, Крива Паланка 2007, Вардар и Работнички, кој од овие клубови и во следната сезона ќе се натпреварува во елитата ќе се знае после одигрувањето на сите осумнаесет кола од првенеството.

Телеком НЕЦ и Струга од следната сезона ќе се натпреваруваат во рамките на првата лига за сениори. Во рамките на 15. и 16. коло лидерот Младост 96 од Прилеп уште еднаш ја покажа својата доминација со две максимални победи и само го потврди тоа што се очекува, дека со потенцијалот на играчи клубот е најсериозен кандидат за освојување на шампионската титула.

Во првата лига лидерот Мултитекс доживеа непријатен пораз од Рисови со максимални 4-0 и за задржување на првото место и директен пласман во Суперлигата потребна им е победа против Борец ТИМ, доколку го загубат и тој натпревар ќе го изгубат и лидерското место, и ќе им овозможат на Рисови директно да се пласираат во Суперлигата.

Суперлига - 15. коло
Струга - Работнички  0-4
Младост - Вардар  4-0
Радовиш - Телеком Нец  4-3
Крива Паланка 2007 - Шампион ФА  0-4
Младост 96 - Телеком Нец 2  4-0

Супер лига - Резултати 16. коло
Работнички - Младост 96 0-4
Телеком Нец 2 - Крива Паланка 2007 4-0
Шампион ФА - Радовиш 4-2
Телеком Нец - Младост 1-4
Вардар - Струга 4-0

Вчера во Крива Паланка се одржа Првиот бодовен турнир за Јуниори. Најуспешна беше екипата на Крушево која во двете конкуренции освои 4 медали

Пласман јуниори:
1. Теодор Волкановски - ППК Крушево
2. Лука Стојчев - ППК Шампион ФА
3. Борис Секулов -  ППК Астраион, Нико Доага - ППК Крушево
Пласман јуниорки:
1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка
2. Софија Хасану - ППК Крушево
3. Сара С. Стојановска - ППК Крива Паланка, Васе Богоевска -  ППК Крушево