• Зоран Мишевски
Во грчкиот град Лерин викендов беше одржан осмиот фестивал на пинг-понгот, турнир во пинг-понг, на кој Македонија имаше двајца претставници, Огнен Илиески и Рубинчо Ристески. 13-годишниот Илиески настапи во категориите до 13 и до 15 години, а ветеранот Ристески (во категоријата од 40 до 49 години.
Талентираниот Илиески двапати се пласира на тринаесеттото место, во двете возрасни групи, додека Ристески стигна до третото место и бронзениот медал. Овие резултати добиваат уште поголема вредност ако се има предвид дека двајцата прилепчани се лица со инвалидност, а учествуваа на меѓународен турнир кој не е за лица со инвалидност.
Огнен допрва го чекаат успесите, додека Рубинчо е над дваесет години шампион на Македонија во категорија за лица со инвалидност и активен член во репрезентацијата на Македонија.
Учеството на македонските претставници во целост беше под покровителство на Параолимпискиот комитет на Македонија