Беровски Зегин со шест медали се врати од турнирот во пинг-понг во Бугарија

Пинг-понгарите на ППК Зегин од Берово освоија шест медали на Меѓународниот турнир во пинг-понг, на кој вчера учествуваа во Димитровград, Република Бугарија. Екипата од Берово се натпреваруваше со своите младинци кои беа меѓу најдобрите во своите конкуренции. 

„На меѓународниот турнир во Димитровград и покрај проблемите кои ги имавме, вољата беше посилна и со задоцнување од 40 минути со разбирање на организаторот, децата од кола директно на маса, успеаа да бидат високо конкурентни“, истакнаа од клубот.

На турнирот младите пинг-понгари освоија едно злато, две сребра и три бронзи.

„Медалите ги освоија Моника Стајковска која во У15 освои злато и во У19 бронза, два сребрени медали освои Бојана Јовевска, Јован П. во У11 освои бронза додека Кико Каламадевски во У19 исто така освои бронзен медал“, додадоа од ППК Зегин.

Од клубот се заблагодарија на сите поддржувачи кои овозможија патувањето во Димитровград да биде овозможено.