Асанов и Стојановска се нови пионерски шампиони на Македонија

Со учество на 70 натпреварувачи викендов во Штип се одржа вториот Телеком Мастерс турнир во пионерска конкуренција. Организатор беше ППК Шампион ФА под погровителство на пинг-понгарската федерација. 

После стандардните квалификации по групи, каде што фаворитите ги оправдаа очекувањето, изненадувањето се случи во четвртфиналето, каде што актуелниот државен првак Даниел Зхоу Главевски беше убедливо поразен со 3-0 од Кенан Асанов, кој покажа дека победата над Зхоу не е случајна и на крајот триумфираше победувајќи го во финалето Лука Стојчев.

Кај пионерките во финалето според очекувањата се сретнаа, Сара Стојановска и Васе Богоеска. Првиот сет ѝ припадна на Богоеска, но наредните три во неизвесна борба ги доби Стојановска.
 
Телеком Мастерс 2 У-15 Пласман
Пионери:
1. Кенан Асанов
2. Лука Стојчев
3. Лука Серафимовски, Александар Јакимовски

Пионерки:
1. Сара С. Стојановска
2. Васе Богоевска
3. Софија Хасану, Сара Стојановска

Во саботата во Прилеп со свечена манифестација беше обележан интернационалниот ден на пинг-понгот. Во организација на ППК Младост 96 под покровителство на ППФМ, на отворен простор беа поставени три пинг-понг маси, при што можност да заиграат имаа сите случајни минувачи во близина на градскиот часовник во Прилеп. Манифестацијата покажа дека има интерес за пинг-понгот кај најмладите генерации и дека Прилеп е еден од центрите на овој спорт во нашата држава.