Македонскиот олимписки комитет, заедно со Амбасадата на Кина во Македонија, Шангајскиот универзитет за спорт, Кинескиот колеџ за пинг-понг и неговиот европски огранок, како и нашата Пинг-понг федерација, беше дел од посебен настан со две големи имиња од светот на пинг-понгот – легендарната олимписка шампионка Џанг Јининг и светскиот првак Јан Сен, потпретседател на Кинескиот колеџ за пинг-понг.