• Саше Љолес

Диого Жота и неговиот брат Андре Силва денес беа погребани на гробиштата во градот Порто. Двајцата фудбалери трагично ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Шпанија, а на погребот присуствуваа стотици негови роднини, пријатели и соиграчи.
Беа присутни и претставници на фудбалскиот клуб Ливерпул, а венци положија соиграчите на Диого, Вирџил Ван Дајк и Енди Робертсон. Нивните венци беа во форма на дресови со бројките 20 и 30, кои ги носеа Жота и неговиот брат Андре.
Меѓу присутните беа уште Бруно Фернандеш, Рубен Диас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрисио и други колеги од репрезентацијата на Португалија.
Сцените беа траорни, а особено потресен беше плачот на сопругата на Диого, која одеше веднаш зад неговиот ковчег, заедно со нејзиното најтесно семејство. Жота имаше 28 години, а неговиот брат 26.