Тајгер Вудс уапсен, па пуштен со кауција: Одбил тест за дрога

Американскиот голфер Тајгер Вудс е ослободен со кауција неколку часа откако неговиот Ланд Ровер учествуваше во сообраќајна несреќа, а Вудс беше уапсен под сомнение за возење под дејство на лекови и дрога.

Шерифот на округот Мартин, Џон Буденсик, изјави дека Вудс возел „со голема брзина“ и покажувал „знаци на интоксикација“ по несреќата.

Истражителите веруваат дека бил под дејство на некаков вид лекови или дрога. Вудс одбил тест за урина, но се согласил на алкотест, кој бил негативен. 

„Тој нема да биде со други затвореници кои би можеле да го повредат или да се обидат да го искористат она што го направил“, рече Буденсик.

Вудс, кој не беше повреден во несреќата, се судри со камион додека се обидуваше да го помине, а неговиот автомобил се преврте.