• Горан Упале


Тимот од Лос Анџелес е благ фаворит против Синсинати во борбата за најважниот трофеј во Соединетите Американски Држави, пехарот Винс Ломбарди. Ерон Доналд би можел да биде „икс фактор“ на стадионот „Софај“
Натпреварот над сите натпревари во Соединетите Американски Држави. Кога се игра Супербоул, сè запира „преку барата“. Нема кошарка и хокеј, сите очи ќе бидат вперени кон преубавиот „Софај“ во Лос Анџелес, вреден шест милијарди долари. До минатата година и Тампа Беј ниту една франшиза не играше меч за трофејот Винс Ломбарди на својот стадион. Втора година во низа, еден од учесниците ќе игра на свој терен за најважниот пехар во американскиот спорт. Ремси или Синсинати Бенгалси? Кој ќе биде подобар во 56. Супербоул? Одлуката паѓа в понеделник (00:30) пред 100.000 гледачи.
Во никогаш поизедначен НФЛ шампионат, пред стартот на сезоната малку кој се надеваше на ваков епилог. Ремси беа меѓу фаворитите во Националната фудбалска конференција (НФЦ). Напред котираа Тампа Беј Баканирс и Грин Беј Пекерс, додека тимот од Охајо е сензација. Никој не го гледаше во плејофот, а тие стигнаа до меч за трофејот и слава, за прв наслов шампион во историјата на Синсинати.
Ова ќе биде пресметка на два експлозивни напади предводени од Метју Стафорд и Џом Бароу. Ниту едниот немаше победа во плејофот. Стафорд статираше дванаесет години во губитничкиот Детроит (има три пле-јоф натпревари без триумф), додека Бароу беше прв пик на драфтот во 2020. Во руки сезоната тешко се повреди, но сега се врати посилен од било кога. Двајцата се лидери, ѕвезди, квотербекови кои го носат својот тим, кои можат да извлечат победа во моменти кога екипата ќе запре.
Сите квоти во MOZZART за Супербоул финалето
Американците обично кажуваат дека нападите носат победи, а одбраните Супербоул. Ако тоа го преведеме на овие два тима, во предност се Ремси. Тимот од Лос Анџелес има многу подобра дефанзива. Лидер на тимот е еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата, двократниот последователен МВП, Ерон Доналд. Него обично го чуваат двајца за да не дојде до квотербекот. Кршливата офанзива на Синсинати ќе има проблеми да го запре Доналд и останатите од предната линија на Ремс.
Рак-рана на Бенгалси е офанзивната линија, една од најслабите во лигата. Вистинско чудо е како Бароу сè тоа успеа да го „испегла“. Тој беше пресекуван дури 12 пати во три натпревари на плејофот, додека на спротивната страна Стафорд само пет пати беше соборен. Тенеси Тајтенси во полуфиналето на плејофот му правеа големи проблеми на Бароу, дури девет пати го соборија, а на хартија Ремси имаат посилна предна линија и подобар „пес раш“. Не треба да се заборави ниту еден од најдобрите корнербекови во лигата, Џејлен Ремзи.
Нападот е посилен дел на Бенгалси. Бароу игра фантастично, а прва мета во нападот му е најдобриот руки оваа сезона, одличниот примач Џамар Чејс. Врската од Универзитетот ЛСУ одлично функционира и во Синсинати. Против Канзас пред две седмици во финалето на АФЦ, Чејс беше запрен, ама од втор план скокна Ти Хигинс. Ремси добро се бранат во игра на трчање, а страничниот ранинг бек на тимот од Охајо е експлозивниот Џо Миксон. Стафорд сите карти во нападот ги фрла на одличниот примач, оваа сезона број еден во НФЛ, Купер Кап. Голема помош во последните натпревари има од разбудената ѕвезда Одел Бекам. Тој во текот на шампионатот пристигна од Кливленд Браунс. За трчање ќе биде задолжен Кем Ејкерс и Сони Мишел, со Вон Милер, единствениот кој има Супербоул титула. Пред три години стигна до титулата во дресот на Њу Ингланд, токму против Ремс. Двата тима немаат многу проблеми со повредите. Под знак прашалник се стартните тајт ендови, Тајлер Хигби кај Ремс, односно Си Џеј Узум кај Синсинати.
Овие две екипи се разични конференции, па се среќаваат ретко. Пред три години Ремси ги победија Бенгалси на свој терен 24:10, а пред тоа Синсинати го победи двапати тимот од Лос Анџелес. Четата на Шон Меквеј се враќа во Супербоул по три години, додека Синсинати игра за трофејот третпат. Претходните двапати е поразен, а последен пат играше пред 34 години.
Синсинати е млада екипа која сака да ја заокружи сезоната како од бајка. Ремси се покомплетен тим, имаат поискусен тренер, офанзивен гуру во Шон Меквеј, подобра одбрана, најдобриот дефанзивец Ерон Доналд, домашен терен, повеќе навивачи и поради тоа имаат улога на благ фаворит.