• Саше Љолес
Фудбалскиот супер-агент, Жорж Мендеш, се најде во големи проблеми откако доби обвинение за проневера на даночни средства во висина од 18 милиони евра.
Се работи за контроверзна „донација“ на сметката на неговата сопруга, а адвокатскиот тим веќе интензивно работи на неговата одбрана и изјави дека Мендеш ќе ја докаже својата невиност.
Операцијата на обвинителството во Португалија е наречена „офсајд“ и опфаќа неколку сомнителни трансакции на повеќе фудбалски агенти, а најзвучно е секако името на агентот кој го застапува Кристијано Роналдо.
Сомнителната „донација“ се случила уште во 2014 година, а во истрагата се опфатени и неколку други сметки и фирми на агентот, како и на членови на неговото потесно семејство. Првото судско рочиште за овој случај се очекува да биде закажано кон почетокот на септември.