Спасиќ победник, Златаров четврти на Европскиот Куп во кајак-кану

Најдобриот македонски кајакар Љубомир Спасиќ пак блесна во рамките на Европскиот куп во спуст на диви води, во дисциплината спринт и го освои првото место во генералниот пласман. Во конкуренција на преку 200 кајакари од 17 земји, Спасиќ со освоени 333 бода стигна до титулата. 

Во трките на Треска, Словенија, Германија, Шпанија, Италија и Чешка нашиот кајакар ги освои потребните бодови за победа во Европскиот Куп. Вториот македонски кајакар, Александар Златаров го освои четвртото место во генералниот пласман, со 292 бода. 

Во септември годинава, Спасиќ ќе настапи на Светското првенство во шпанскиот графд Ла Сеу.