Скопје домаќин на ЕП во танци, ќе настапат над 3.000 натпреварувачи

Вчера во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје започна Европското првенство во Street Dance Show и Светскиот Куп во Диско-денс и хип-хоп. Натпреварите се поддржани од  Интернационалната Танцова Организација, а ќе настапат околу 1.000 учесници.

Интернационален танцов натпревар ќе опфати надд 3.000 натпреварувачи. В сабота на програмата се хип-хоп, диско, брејкденс, а в недела на програмата се латино шоу и танци во двојки. Во Македонската Опера и Балет ќе се одржат натпревари во класичен балет, модерен балет, џез денс.

Сите натпревари почнуваат во 9:00 наутро и траат до доцна попладне. Организатори на овие танц натпревари се танцовите клубови  БРЕЈК А ЛЕГ (Break a Leg) и ИТ ДА БИТ (Eat the Beat).