Роналдо повторно најбогат во светот на спортот, Меси само петти на листата на „Форбс“

Кристијано Роналдо е на врвот на листата на Форбс за најплатени спортисти трета година по ред, со заработка од 253 милиони евра. Португалецот го зголеми своето богатство за 13,8 милиони евра во споредба со претходната година.

На второто место е Стеф Кари од Голден Стејт со 143,5 милиони евра, додека британскиот боксер Тајсон Фјури е на третото место со 124,2 милиони евра. Квотербекот на Далас, Дак Прескот, е на четвртото место со 126 милиони евра, додека капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, е на петтото место со годишна заработка од 124,2 милиони евра.

Десетте најплатени ги комплетираат: Леброн Џејмс (123,1 милиони евра), бејзбол играчот Хуан Сото (104,9 евра) и уште еден фудбалер, Французинот Карим Бензема, кој игра за Ал-Итихад од Саудиска Арабија, со заработка од 95,7 милиони евра. Листата ја заокружуваат јапонската бејзбол ѕвезда Шохеи Охтани со 94,3 милиони евра и НБА играчот Кевин Дурант, кој заработил 93,3 милиони евра.

Роналдо, сепак, сè уште е далеку од рекордот на боксерот Флојд Мејведер, кој заработил 276 милиони евра во 2015 година и 262,2 милиони евра во 2018 година.