Признание од Општина Карпош за славниот фудбалски ас Драги Сетинов

Легендарниот фудбалски ас, Драги Сетинов е прогласен за „Заслужен граѓанин на Општина Карпош“ за 2025 година.

Во оваа пригода, градоначалникот Лукровски му ја додели плакетата на Сетинов, посакувајќи му многу здравје и успех во животот. Инаку, повозрасните љубители на фудбалот се сеќаваат на Сетинов од неговите беспрекорни настапи во прилепска Победа, во скопски Вардар и во сплитски Хајдук.

Родум од Скопје, својата професионална кариера тој ја започнува на 20-годишна возраст, во далечната 1981 година, а ја завршува во 1992-та година, во клубот Етникос од Пиреја. Драги Сетинов важи за еден од подобрите одбранбени фудбалери на просторот на поранешна Југославија.