Oсум одличја за кајакарите на Арка-борец на Дринскиот маратон

Викендов во Бајина Башта, Република Србија, се одржа четвртиот Дрински маратон, на кој учествуваа десет кајакари од ККК Арка-Борец од Велес, кои се натпреваруваа во седум категории.

Во конкуренција на повеќе од 130 натпреварувачи од шеснаесет клуба и три земји, велешките кајакари освоија осум одличја. Во категорија К1 мажи до 12 години Димитар Драскачев го освои првото место, Лука Велковски второто место, додека Петар Делов го освои третото место.

Прво место во своите категории освоија и Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Љубомир Спасиќ, додека во категоријата рекреативци Енис Небиовски го освои второто место.

За одбележување е настапот на Софија Спасиќ, која со своите 4 години и 5 месеци стана најмладиот учесник на Дринскиот маратон и настапи во категоријата до 6 години на патеката со должина од 2.5 километри го освои првото место.