• Зоран Мишевски

Француската мешана штафета во бијатлон во состав Фуркад, Абер, Бескон и Дестие освои златен медал и ги оправда очекувањата пред почетотокот на Олимписките игри. Со време 1:08:34.3 минути Франција прва мина низ целта, а легендарниот Фуркад стигна до третото злато во Пјонгчанг.
Норвешката штафета во состав Ослбу, Екхоф, Тингнес Би и Свендсен го освои сребрениот медал, а Италијанците Виточи, Вирер, Хофер и Виндиш се искачија на пиедесталот како бронзени.
За Фуркад ова е трето злато во Јужна Кореја, а исто толку одличја освои и на последното Светско првенство, а води и во Светскиот Куп во бијатлон.