ВИДЕО: Норвежанецот Лоренцен ги победи домашните лизгачи на 500 метри

Ховар Лоренцен од Норвешка е нов олимписки победник и сопственик на нов олимписки рекорд во брзо лизгање на 500 метри. Лоренцен ја прекина доминацијата на лизгачите од Холандија во овој спорт.

Тој го сруши рекордот на Кореецот Ча Мин Кју, кој претходно ја одушеви публиката со најбрзо време во историјата на Олимписките игри.

Кинезот Кју така падна на второто место и го освои сребрениот медал, а неговиот сонародник Гао со време од 34,65 влезе низ целта како третипласиран и го освои бронзениот медал.