ВИДЕО: Шоу на Ашер и Кис на полувреме, но една реакција на пејачот предизвика лавина критики!

И овогодинешниот Супербол ги крена Соединетите Американски Држави на нозе. Фановите не прашаа за цените на билетите, а дел од спектаклот е како и секогаш големата забава на полувремето, кое годинава го одбележаа познатите музичари Ашер и Алиша Кис.

Забавата на полувремето на Супербол и оваа година донесе спектакл. Ашер и Алиша Кис приредија вистинско шоу на сцената, а познатата пејачка ги одушеви сите со својот настап, но и со својот изглед во тесна облека.

Ашер во еден момент не можеше да издржи и едноставно мораше да ѝ пријде на атрактивна колешка. Следуваше прегратка одзади, која многумина ја опишаа како сосема непотребна.

Коментарите на социјалните мрежи се жестоки. Тврдат дека пејачот претерал со тоа што го направил.

„Ашер претера. Целосно се загуби поради Алиша Кис", е еден од коментарите на социјалната мрежа Х, додека друг додал: „Алиша Кис буквално бегаше од Ашер на сцената“...

Интересно е тоа што Кис реши да пее бесплатно. Не сакаше да наплаќа за својот настап. Јасно е и зошто. Промоцијата на Супербол е сосема доволна. Настанот го гледаат стотици милиони луѓе, а новиот албум е тука, па парите ќе дојдат со него.