Љубомир Спасиќ освои европско злато во кајак-спуст во Швајцарија

Нов голем успех за македонските кајакари на меѓународната сцена. Велешанецот Љубомир Спасиќ, на Европско првенство во кајак-спуст за јуниори, кое се одржува во во Даленвил, Швајцарија го освои првото место во категоријата спринт мастерс 35+ и четврто место во генералниот пласман.

На ова натпреварување настапија и останатите двајца репрезентативци на Македонија Кристијан Лазаров и Благој Гугинов.

Кристијан Лазаров обезбеди пласман во финалето и го освои петнаесеттото место на Европско првенство за јуниори, додека Благој Гугинов забележа пласман на триесеттата позиција.