ВИДЕО: Куманово ги прогласи најдобрите спортисти за 2017 година

Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово и Општина Куманово ги доделија признанија за најдобри спортисти, спортски работници и клубови за минатата 2017 година. Ракометарот на Куманово Дарко Георгиевски, фудбалерот на Вардар, Артан Фазлиу и фудбалерката на Куманово, Кети Павловска ги освоија првите три места во изборот.

Веднаш зад нив следат велосипедистот Никола Ѓукиќ од Вело-М, Александра Боризовска од ЖРК Куманово и кошаркарот на Куманово, Никола Караколев.Во категоријата најдобри спортски клубови признанијата заминаа кај Општинскиот стрелачки клуб Куманово, велосипедскиот клуб Вело-М и Атлетски клуб Куманово.

Најдобри спортисти со исклучителни спортски резултати се кик-боксерот Филип Наковски, Анита Величковска од категоријата планински велосипедизам, атлетичарката Катерина Тимчевска, атлетичарот Марјан Нојковски, велосипедистот Зоран Ристовски, а најдобри меѓу најдобрите се атлетичарката Матеја Ефромовска и велосипедистот Андреј Петровски.