ВИДЕО: Канаѓаните Вирту и Моар со злато од Пјонгчанг заминуваат меѓу легендите

Канадскиот пар во уметничко лизгање, Теса Вирту и Скот Моар со златен медал од Зимските олимписки игри заминуваат во спортска пензија. За извонредната канадска двојка ова е второ злато од игрите во Пјонгчанг, бидејќи беа најдоби и во екипните натпревари.

По доминацијата во кратката програма, во која поставија нов светски рекорд, Канаѓаните беа одлични и во слободната програма и за својот танц со музика од Мулен Руж освоија 122.40 поени и со вкупни 206.7 поени го освоија златниот медал.

Сребрениот медал со 205.28 поени го освоија Французите Габриела Пападакис и Гиљермо Сизерон (претходно го држеа светскиот рекорд со 203.16 поени). На третото место завршија Американците Маја и Алекс Шибутани.

Теса и Скот беа златни во Ванкувер пред осум години, а на претходните игри во Сочи го освоија сребрениот медал.