ВИДЕО: Канадскиот и првиот германски екипаж го поделија златото во боб двосед

Првиот германски и првиот канадски екипаж во боб го поделија златниот медал во боб двосед во екипна конкуренција, откако за првпат во новиот милениум на овој спорт со исто време влегоа низ целта. 

Медалите ќе ги поделат Крипс и Александар од Канада и Магрис и Фридрих од Германија. Вториот германски екипаж во состав, Мелбардис и Стренги задоцни само пет стотинки и го освои бронзениот медал.

Со мали исклучоци Германците ги освоија сите златни медали од натпреварите во боб и санкање на Олимписките игри во Пјонгчанг.