ИН МЕМОРИАМ: Почина големиот помагател на македонскиот спорт Слободан Вујчич-Брацо

Денес во Скопје, на 70-годишна возраст по кратко боледување почина поранешниот финансиер на Вардар, Работнички, Тетекс и неколку други македонски клубови, Слободан Вујчиќ-Брацо.

Вујчиќ како претставник на компанијата УФА МЕДИА од Германија ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации во Европа. Помагаше и во одбојкарскиот клуб Вардар, а носител е и на наградата “Мајка Тереза“.

Тој беше омилен во фудбалските кругови, како и меѓу фудбалерите, така и меѓу фудбалските работници. 

Македонскиот спорт претрпе голема загуба и искрен пријател и помагател.