ИН МЕМОРИАМ: Почина доајенот на спортското новинарство Бранко Давидовски

Денес на 88-годишна возраст во Скопје почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски - Мајка. Бранко Давидовски е роден на 24 март 1930 година во Скопје, а целиот свој професионален век на маестрален начин го мина оставајќи силна трага во домашното спортско новинарство. Давидовски започна со спорт да се занимава во 1947 година при основањето на ФК Вардар. Откако ги помина сите возрасни категории, заигра и за сениорскиот тим.

По звршивањето на фудбалската кариера започна да работи како спортски новинар. Најдолго остана во Македонското радио каде долги години беше уредник. По пензионирањето, хонорарно работеше за весниците „Вечер“, „Утрински весник“ и „Македонски спорт“.

Погребот на Бранко Давидовски ќе биде утре во 12:00 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.