• Иван Димовски

Валентина Кафола успеа да испише два светски рекорди во неполни 48 часа и тоа во една од најтешките дисциплини.
Хрватската спортистка испиша историја во нуркање под мраз , откако во Италија на заледеното езеро Антерселва на надморска височина од 1.600 метри во два дена запиша два рекордни настапи. 26-годишната спортистка е студент на Кинезиолошкиот факултет, а воедно се натпреварува и во навистина тешката дисциплина.
Првиот рекорд кој Кафола го сруши беше нуркање и пливање под мраз со моноперај. Таа преплива 80 метри под мразот на Антерселва и го запиша рекордот во оваа женска категорија.
Вториот рекорд беше всушност враќање на Кафола на врвот. Неполн ден откако јапонската претставничка Јасуко Озеки ѝ го одзеде рекордот, Хрватката го врати за нуркање без помош на кислородна поддршка. Кафола со тоа го круниса успешниот викенд во Италија, враќајќи си го рекордот во своја сопственост.