Херојот Патрик Махомес повторно е МВП на Супербол

Наградата за најкорисен играч (МВП) за најдобар играч на 58. издание на Супербол ja доби квотербекот на Канзас Сити Чифс, Патрик Махомес. Чифси во финалето во Лас Вегас победија по продолжение против Сан Франциско Фуртиенерс so 25-22, и со тоа ја одбранија шампионската титула.

Махомес го заврши натпреварот со 333 префрлени јарди, 66 истрчани и два тачдауни, вклучувајќи го и оној кој донесе победа на неколку секунди пред крајот.

Исто така, кога тимот беше пред пораз, тој беше тој што мирно реагираше и ги извлече Чифси од тешка ситуација. Ова е негова трета награда за најкорисен играч (МВП).