• Саше Љолес
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, за американските медиуми изјави дека му здодеало да гледа како афроамериканците се во подредена улога во многу сегменти од животот и рече дека е крајно време државата да еволуира по ова прашање.
Грин е долгогодишен член на „Воините“ и се смета за еден од подобрите одбранбени играчи во НБА лигата, а неговиот коментар доаѓа откако повторно беа нападнати неколку млади момчиња со црна боја на кожата во градот Лос Анџелес.
„Ми здодеа да се браниме од непостоечки проблеми. Овие деца со ништо не го заслужија третманот од властите. Зборуваат за некакво пружање отпор кон полицијата, а за тоа нема никакви докази. На расизмот местото му е во историјата“ рече Грин.
Инцидентот се случил пред една бензинска пумпа во Лос Анџелес, при што полицијата приведе четири млади момчиња кои потоа се жалеа на бруталност и крвничко претепување.