ФОТО: Големиот Ѓоковиќ испрати сочуство и поддршка за жртвите во Кочани!

Eден од најдобрите спортисти на сите времиња, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, на социјалните мрежи објави фотографија со поддршка до семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани во која загинаа 59 лица, а 155 се хоспитализирани.

Големиот хуманитарец не ги заборави соседите и во тешките моменти испрати сочувство и поддршка.

Тој објави фотографија со македонското знаме со црна позадина и црна панделка.