• Горан Упале
Познатиот спортски новинар и коментатор Един Авдиќ почина на 47-годишна возраст, пренесуваат медиумите од регионот.
Тој беше еден од најпознатите спортски новинари, коментатори и колумнисти на просторите на Балканот, дефинитивно најпознат по преносите на кошаркарски натпревари и по деталното познавање на НБА и европската кошарка.
Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а пред новинарската кариера активно се занимавал со кошарка во младинските категории на КК Босна.
Кариерата ја започнал на Федералната телевизија, потоа работел на ОБН, каде што стекнал голема популарност како коментатор на НБА лигата, а потоа станал едно од заштитните лица на телевизијата Арена спорт.