ВИДЕО: Доминантно кинеско злато во скокови во вода од 10 метри

Кинеските Куан Хонгчан и Чен Јукси освоија злато во дисциплината скокови во вода од 10 метарска платформа за жени. Двојката доминираше во натпреварот од самиот почеток, имајќи речиси 15 поени предност во првите два скока.

Хонгчан и Јукси го завршија натпреварот со 359,10 поени.

Севернокорејците Џо Џин Ми и Ким Ми Рае освоија сребро, а Британките Андреа Спендолини Сириеикс и Лоис Тулсон завршија со бронзен медал.