ВИДЕО: Бронза во карлинг за машката швајцарска селекција

Репрезентацијата на Швајцарија во карлинг во машка конкуренција е освојувач на бронзен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако во малото финале ја победи Канада со 7-5. Овој медал е трет бронзен медал во историјата на за швајцарската селекција.

Со медали од Јужна Кореја се враќаат Шварц, Пец, Круз, Тане и Мерки. 

Во финалето утре за златниот медал ќе се борат карлинг репрезентациите на Шведска и САД.