Ангелоски и Ртоска победници на планинарската трка „Титов врв скајрерс“

Дејан Ангелоски со нов рекорд на патеката триумфираше на планинарската трка „Титов Врв скајрејс“, која изминатиов викенд во организација на клубот Македон се одржа на Шар Планина

Делницата од 20 километри Ангелоски ја помина за 2:39.00 часа. Второпласиран заврши Александар Кирковски (2:42) додека трет беше Атанас Анчевски (2:52). Кај дамите победи Елена Ртоска со нов женски рекорд, кој сега изнесува 3:43.00 часа, а зад неа на подиумот завршија Сања Најдовски (4:01) и Ивана Пекевска (4:15).

Поради ситуацијата со вирусот ковид -19 ограничен беше бројот на учесници и се натпреваруваа 47 вљубеници во планината, спортот и трчањето.

Ангелоски со освоеното прво место се закити со титулата македонски шампион и можност да учествува на планинарски трки на Европско или Светско првенство. Светската скајранинг федерација (ISF), а минатата година македонска репрезентација за првпат настапи на Европското првенство во Италија.