Александар Трајковски единствен наш учесник на СП во боди-билдинг

Македонскит боди-билдер Александар Трајковски е единствен пријавен македонски натпреварувач на Светското првенство во Бенидорм, Шпанија од 8 до 12 ноември.

Двојниот балкански шампион на „IFBB Diamond Cup Macedonia 2018“, го освои второто место во својата категорија, во одлична форма е и со оптимизам замина за јужна Шпанија. 

На Светското првенство ќе настапат 160 натпреварувачи од 24 земји.

На конгресот на Светската бодибилдинг и фитнес федерација, кој ќе се одржи в петок, нашата земја ќе ја претставува претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски.