Македонската олимпијка Ана Цветановска нема да учествува на утрешната трка на 7,5+7,5 км – скијатлон. Интернационалната скијачка федерација донесе одлука само лимитиран број на натпреварувачки да настапат на оваа трка, поради моменталната ситуација со ковид-19, информираат од Македонскиот Олимписки Комитет.