Нема полемен излог за блесок од Олимписките игри. 15-годишната Камила Валиева, стана првата лизгачка во историјата која успеала да изведе четворократен скок со што ја предводеше Русија до златен медал во уметнико лизгање во тимскиот настап.
Репрезентациите на Норвешка и Италија се пласираа во финалето на мешани двојки во карлинг, на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг. За бронзениот медал ќе се борат Велика Британија и Шведска.
Еден од главните аспекти на Зимските олимписки игри во Пекинг секако e ковид-19. Како и во другите спортски натпревари, предвидено е сместување во карантин за оние кои се позитивни при влезот во државата. Но, спортистите воопшто не се задоволни од условите.
Тренерот на македонската експедиција на Зимските Олимписки Игри, Борче Јованоски, доби два негативни ПЦР-тестови, што значи дека без проблеми ќе биде дел од спектаклот во Пекинг.
Норвешкиот скијач Кjетил Јансруд е огорчен на организаторите на Зимските Олимписки Игри затоа што утрово беше прекинат последниот тренинг пред трката во спуст.
Организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија дека на првиот официјален ден од натпреварувањето откриле 45 случаи на инфекции со новиот сој на коронавирусот.