Во отсуство на настапи на македонските олимпијци во овој период од Зимските Олимписки Игри, македонската делегација во Пекинг оствари неколку работни средби. Покрај редовните средби со канцеларијата на Инернационалниот олимписки комитет, Олимписката солидарност, претседателот на МОК, Даниел Димевски одржа работни среби и со претставниците на меѓународните спортски федерации, меѓу кои и со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш.