По 16 возбудливи спортски дена згаснат е олимпискиот пламен и спуштено е знамето на 31. Летни Олимписки Игри, кои се одржаа во Рио де Женеиро. Повеќе од 11.000 спортисти од 207 земји се натпреваруваа во 31 спорт, а поделени се 306 комплети на медали. На овој собир беа соборени многу рекорди, се запишаа нови страници во олимписката историја, некои легенди го потврдија својот статус, а се појавија и некои нови ѕвезди. Елитнито британски медиум „BBC“ ги објави најинтересните резултати од штотуку завршените Олимписки игри.