По кратко боледување, денес почина Мирослав Наумовски-Лав - врвен спортист, спортски новинар, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Собранието и на Управниот одбор на МОК, спортски новинар во „Нова Македонија“, основач и главен одговорен уредник на првиот спортски весник во нашата држава, „СКОК“.