Вчера во Приштина претседателите на Македонскиот, Францускиот, Црногорскиот, Албанскиот и Косовскиот олимписки комитет потпишаа договор за соработка со кој се обврзуваат за многу поблиска соработка во областа на врвниот спорт, обука на тренери, спортската администрација, спортската медицина, анти-допинг програми, обука на тренери, како и поттикнување на Националните спортски федерации на меѓусебна поблиска соработка.