• Иван Димовски
Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 ја чинеа Франција речиси шест милијарди евра од јавни пари, покажува првата официјална процена на францускиот Ревизорски суд.
Според податоците, „трошоците за организација“ достигнале 2,77 милијарди евра, од кои дури 1,4 милијарди биле потрошени за безбедност. Дополнително, „инфраструктурните трошоци“ изнесувале 3,19 милијарди евра.
„Оваа прва процена добива на тежина во контекст на подготовките за Зимските олимписки игри во 2030 година во француските Алпи“, се наведува во извештајот, при што се потенцира дека досега не постоела официјална пресметка за јавниот трошок на игрите.
Досега беа познати само бројките на Организацискиот комитет (Cojo), кој располагаше со буџет од 4,4 милијарди евра и 76 милиони евра суфицит, главно од приватни извори, како и на Солидеа телото задолжено за изградба на олимписките објекти, кое делумно се финансираше и од јавни фондови.
ФОТО/PHOTO: Paris2024