Вучиќ вети огромна премија за олимписко злато на српските спортисти!

Следниот викенд почнуваат Летните Олимписки Игри, а од регионот најмногу олимпијци пријави Србија. Претседателот на нашиот сосед, Александар Вучиќ, ги испрати српките спортисти со великодушно ветување.

„Ви посакувам среќен пат на Олимписките игри. Ако си врвен спортист во Србија, прво мора да бидеш најдобар во светот и потоа да стане успешен спортист во нашата земја.

За златен медал ќе следи награда од 200.000 евра. Само неколку земји се пред нашата земја во целиот свет во овој поглед. Се надеваме на најголемата жетва на медали досега, а тоа е да донесеме двоцифрен број медали“, рече Вучиќ.

Србија пријави 107 спортисти на Олимписките игри, а неизвесен е настапот на атлетичарката Шпановиќ. Големи се очекувањата и од кошаркарите и одбојкарките.