Ван дер Поел со светски рекорд до злато на 10.000 брзо лизгање

Ван дер Поел

Нилс ван дер Поел од Шведска запиша светски рекорд и освои златен медал на 10.000 метри брзо лизгање.

Пред само пет дена Швеѓанецот со олимписки рекорд стана златен на пет километри. Ова е потврда на одличната форма на актуелниот светски првак.

Патрик Роест од Холандија заврши на втората позиција и си заминува дома со сребро, а третото место му припадна на Давиде Гиото од Италија.